Бомба 3: Банкарот на Вучиќ стана банкар и на Мицкоски!

Posted on

АКТ откри сериозни сомнежи за влез на контроверзен капитал во македонскиот финансиски систем, веднаш по доаѓањето на власт на ВМРО-ДПМНЕ.

Преземањето на „Стопанска банка АД Битола“ од српската Алта банка, со согласност на НБРМ, отвора низа прашања за политички влијанија, безбедноста на финансискиот систем и можноста Македонија да стане канал за сомнителни финансиски текови од регионот.

АКТ предупредува на опасност од „српско сценарио“ и бара итна институционална реакција.

Клучни факти:

Српската Алта банка, во сопственост на Давор Мацура- близок до власта на Александар Вучиќ – ја презеде „Стопанска банка АД Битола“ со одобрение од гувернерот Трајко Славески.

Мацура има контроверзен бизнис-подем во Србија, тесно поврзан со владејачката СНС, државни компании и лица под меѓународни санкции.

Европската централна банка претходно му забрани влез во ЕУ-банкарскиот сектор поради сомнежи за потеклото на капиталот и можно перење пари.
И покрај овие сериозни сомнежи и истраги во ЕУ, НБРМ безрезервно дозволила влез на Алта банка во Македонија.

Детали:

Банкарот на Вучиќ стана банкар и на Мицкоски!

Сомнежи за перење пари: зошто НБРМ дозволи влезот од Алта Банка кога ЕЦБ ги запрела?

Српското сценарио се потврдува и преку зделките со Алта Банка

Дали изборот на Трајко Славески на чело на НБРМ беше поради Алта Банка?

Јавно „Извинување“ до Алта Банка