Антикорупцискиот тим на СДСМ ги открива бизнис-шемите на Мицкоски и нивната поврзаност.
Веќе објавивме дека сопругата на неговиот партнер во хидроцентралите, Мицкоски ја назначи за директорка на Развојната банка, иако е сопственичка на компанија од енергетскиот сектор.
Денеска објавуваме нов сегмент од бизнис-мрежата на Мицкоски – релациите и групациите во енергетиката и бизнисот со струја.
15 дена постојано го прашуваме Мицкоски: кој е Душан Адамовиќ и зошто е поставен за почесен конзул во Србија?
Нема одговор. Мицкоски молчи.
Зошто? Денеска ќе откриеме еден сегмент.
Мицкоски молчи за Адамовиќ поради поврзаноста со бизнисот со струја и енергетиката.
Душан Адамовиќ, почесен конзул во соседна Србија назначен од владата на Мицкоски, функционер на СНС – сестринската партија на ВМРО – е директно поврзан со две компании.
Адамовиќ е директор на фирмата WBA TEAM ENERGY, регистрирана во 2023 година, и директор на фирмата WBA ENERGY ДОО, регистрирана на иста адреса.
Сопственик на овие фирми е офшор компанија од Кипар – EVELIXON TRADING LIMITED, која се врзува и со трговија со струја.
Што е заедничко за оваа компании? Бизнисот во енергетиката и бизнисот со струја – омилениот бизнис на Мицкоски.
И ова е само еден мал сегмент.
Во деновите што следуваат ќе објавиме и поширока мрежа.
Дали постои поврзаност со Сања Божиновска и на кој начин?
До каде води оваа мрежа на бизниси во енергетиката?
Нека видат граѓаните. Бидејќи за Мицкоски сè е бизнис.
Дали сега е појасно зошто Адамовиќ е поставен за почесен конзул?
Дали е сега појасно зошто молчи Мицкоски? Зошто има фотографии со него, зошто присуствува на настани на ВМРО?
Антикорупцискиот тим на СДСМ продолжува со работа.
Мицкоски молчи за Адамовиќ поради поврзаноста со бизнисот со струја
Фрчкоски: Антикорупцискиот тим на СДСМ ја објавува бизнис мрежата на Мицкоски
„Руднап“ и Божиновска се клучниот линк, АКТ на СДСМ откри нов дел од бизнис мрежата на Мицкоски
Кога ќе видите сметка за струја знаете -РЕК е алка во бизнис шемата на Мицкоски
(Фото) АКТ на СДСМ го објави енергетскиот октопод на Мицкоски
Кога ќе ја видите сметката за струја – сетете се на бизнис мрежата на Мицкоски
Бизнис комбинации на ВМРО и СНС, преку „Руднап“ и Адамовиќ до проектот „Белград на вода“



