БОМБА #7: Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ

Posted on

Скандалот што го објави Антикорупцискиот тим на СДСМ за фаворит фирмата на ВМРО која од општините добила 51 тендер вредни 16 милиони евра има и друга позадина која денеска ја откриваме.

Кој е сопственикот на „Пирамид билдинг солушнс“ која добила 51 тендер, вредни неверојатни 16 милиони евра и како е поврзан со ВМРО-ДПМНЕ?

Станува збор за извесен Петар Доновски.

Петар Доновски бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, на Избирачко место 2680 во Општина Аеродром.

По престанување на мандатот на Доновски, ВМРО-ДПМНЕ на негово место назначува друг партиски претставник.

Дали сега е јасно за поврзаноста со ВМРО и политичкото влијание?

Само од општина Аердором оваа омилена фрима има добиено 22 тендери.

Ако ова не е конфликт на интереси и политичко влијание врз доделувањето на тендерите тогаш што е?

Уште ли ќе чекаат Јавното обвинителство, ДКСК и Финансиската полиција?

Ние секојдневно ќе ги прозиваме.

Не само за овој нов случај со 51 тендер, туку и за за скандалите со 161 тендер за една фирма, 9 милиони евра за друга, 1,2 милиони евра за фирмата блиска до ЗНАМ од Пошти.

Но овој скандал открива и нешто друго.

А тоа е поврзаноста на тендерите со избирачкиот процес.

Уште еден доказ зошто Техничката влада мора да остане.

Ако некој што бил во избирачки одбор именуван од ВМРО-ДПМНЕ добива милионски тендери, може да замислите на што би личеле избори без контролни механизми од опозицијата?

Затоа не сакаат опозицијата да учествува во техничката влада – затоа што не сакаат да бидеме сведоци на криминалот и корупцијата.

Техничката влада мора да остане. Ако ја укинат техничката влада, ќе ја убијат и онаа малку шанса што постои за фер избори. Тоа не смееме да им го дозволиме.